Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Објавено March 20, 2025 17:51
Сподели
Сподели

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани.

Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и стремежот кон фотографии и наслови кои вознемируваат, привлекуваат внимание и кои имаат предност пред вистината, ја деградираат самата суштина на новинарството. Ова не само што е неприфатливо, туку е и длабоко штетно за целокупната јавност, но уште поважно за поединците и семејствата на погодените во оваа огромна трагедија. Искористувањето на моментот на жалост и тага заради спектакл е за осуда.

Ги повикуваме уште еднаш сите медиуми да се придржуваат до највисоките стандарди на професионално известување и да ги почитуваат личната болка и достоинство.

Правото на информации никогаш не смее да биде по цена на основната човечка пристојност. Ќе продолжиме да очекуваме одговорно известување кое му служи на јавниот интерес. Владата останува посветена на транспарентноста и слободата на медиумите, но нема да премолчиме на неетички практики кои ги нарушуваат принципите на чесност и почит. Ги повикуваме релевантните меѓународни медиумски тела да го забележат ова и да го запрат овој опасен тренд пред дополнително да ја нарушат довербата на јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погребан младиот музичар Џоко Ѓоргиев, тапанар на ДНК кој загина во пожарот
Следна Статија Џамбазов за Андреј: Пријателе …малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта – добри луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски

Во близина на битолското село Црнобуки археолозите открија остатоци од одамна изгубен антички град. Артефактите пронајдени на локацијата го датираат…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лукровски: Ја чистиме Општина Карпош, љубовта кон татковината се покажува со дело

Кандидатот за градоаначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски објави дека ја чистат општината од сметот, бидејќи како што нагласува, љубовта…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чомовски откри дека „Топ тема“ на Телма била продадена на Американците

Во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ гостин-водител беше некогашниот новинар на Телма Александар Чомовски. На крајот на емисијата тој…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?