Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес
МАКЕДОНИЈА

Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес

Објавено September 23, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Со највисока одговорност сакаме да ја информираме јавноста во врска со изнесените ставови од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), велат од владината прес-служба.

Категорично истакнуваме дека во ниту еден момент не било направено селективно информирање на медиумите, ниту пак ограничување на нивниот пристап до информации од јавен интерес. Станува збор за ситуација во која медиум пред просториите на Клиниката за пулмологија и алергологија побарал изјава, по што – во духот на транспарентноста изјавата беше дадена. Тоа не претставува официјална покана упатена кон еден медиум, туку практика на отвореност кон секој кој ќе побара информација. Во таа насока, со должно почитување кон медиумската заедница, потенцираме дека секогаш е од исклучителна важност сите недоразбирања да бидат разјаснети преку непосредна комуникација со институциите, пред да се изнесуваат јавни квалификации што можат да создадат погрешна перцепција. Цениме дека при ваков начин на презентирање на информации, постои можност да се остави простор кај јавноста за заклучоци кои не се објективни. Дополнително, информираме дека владиниот тим за односи со јавноста, во духот на високата отчетност, веднаш стапи во директна комуникација и со надлежните и со медиумите и даде дополнителни појаснувања, со што уште еднаш беше потврдено дека принципите на транспарентност и достапност се апсолутен приоритет во нашето работење. Како Влада ја користиме оваа прилика да ја потврдиме својата цврста определба за највисок степен на транспарентност, кооперативност и професионалност. Од првиот ден вложуваме максимални институционални капацитети за да обезбедиме еднаков пристап за сите медиуми, навремено информирање и целосна отчетност пред јавноста, истакнуваат од владата.

И во иднина ќе продолжиме со оваа пракса, уверени дека само преку прецизно, навремено и целосно информирање се гради доверба, се унапредува демократскиот дијалог и се гарантира интересот на граѓаните, додаваат од прес-службата на владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
Следна Статија Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација

Заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваше во Прилеп на одбележувањето на Денот на народното…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА потврдува дека во иднина ќе има нови случаи поврзани со…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?