Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
БАЛКАН

Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ

Објавено June 10, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на 8 јуни во тој град и нагласи дека листата на Српската напредна странка „Не  ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови, односно 47,13 проценти од гласовите.

Динуловиќ, исто така, нагласи дека нема да има повторување на изборите на ниту едно избирачко место бидејќи нема ниту една законска основа за поднесување приговор.

Прелиминарните резултати се базираат на 100 проценти обработени избирачки места, на сите 69 избирачки места.

На локалните избори во Заечар, СНС победи со 14.199 гласови, втора  е „Промена во која веруваме“ со 10.312 гласови, а трета  „Обединети за спас на Заечар“ со 2.284 гласови, објави невладината ЦРТА на X. Тоа значи дека во Собранието на Заечар, листата на СНС ќе има 27 советници од вкупно 50 советнички места, листата „Промена во која веруваме“ ќе има 19, а „Обединети за спас на Заечар“ четири советници.

Републичката изборна комисија на Србија ги објави резултатите од гласањето во Косјериќ врз основа на 100 проценти обработени гласови, според кои листата „Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови – 3.686 гласови.

Според резултатите објавени на веб-страницата на РИК, листата „Не ja даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила 49,23 проценти од гласовите, или 14 мандати. На второ место е листата „Обединети за Косјериќ“ со 3.635 гласови или 48,54 проценти, – 13 мандати.

Третата листа што учествуваше на изборите, „Руска партија – Србија во БРИКС, Слободан Николиќ“ освоила 48 гласови, или 0,64 проценти. Општинскиот совет на Косјериќ има 27 советнички места, а 8.897 граѓани запишани во регистарот на гласачи можеле да гласаат на 29 избирачки места. Според податоците на Општинската изборна комисија Косјериќ, на гласањето што се одржа вчера излегле 84,17 проценти од гласачите.Евидентирани се 119  (1,59 %) неважечки гласачки ливчиња.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад
Следна Статија Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Возачот кој прегази студентка во Белград обвинет за тешко убиство во обид

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека осомничениот за газење студентка на улицата „Рузвелтова“ е пронајден во рок од…

January 16, 2025
БАЛКАН

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел…

March 28, 2025
БАЛКАН

Од први април минималната плата во Грција ќе биде околу 880 евра

Новата минимална плата во Грција за 2025 година се очекува да биде близу 880 евра, бидејќи се проценува дека покачувањето…

March 24, 2025
БАЛКАН

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа

Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?