Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили

Објавено May 10, 2025 10:22
Сподели
Сподели

„Викендот за чистење” не е само симболична акција таа претставува одраз на европските вредности во пракса. Граѓанска одговорност, заедничка ангажираност и посветеност за почиста животна средина и подобра иднина. Во оваа корисна иницијатива учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН, велат оттаму во утринското соопштение.

„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена! Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат.

ВЛЕН ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население. Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување.

Ги повикуваме сите граѓани да станат дел од оваа нова енергија. Од чисти улици – до чисти општински институции. Од викендот за чистење – кон цела година на политичко чистење“, додаваат од ВЛЕН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи
Следна Статија Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП бара да се забрани „Тик-Ток“ поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот ТикТок „предизвик“,…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

Пратеничката Славјанка Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски само му порача дека спорот завршил во едно рочиште… Премиере,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?