Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски
ЗДРАВЈЕ

Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски

Објавено September 26, 2025 18:26
Сподели
Сподели

За мене претставува навистина пред се чест, а потоа и задоволство да можам да бидам заедно со овие луѓе позади мене, со министерот, со директорот на фондот, со директорот на клиниката, со сите овие доктори, професори, академици, луѓе кои што работат од медицинскиот персонал, сите оние луѓе кои што имаат своја заслуга за ова што денеска ние го видовме, изјави денеска по посетата на Државната кардиохирургија претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

А, тоа што денеска го видовме е нешто што можеме ние да го видиме овде во Скопје, во Клиничкиот центар, во зградата на Кардиологија и Кардиохирургија, но тоа не можат да го видат клиниките во Белград, во Загреб или во Љубљана на пример. И треба да сме среќни и ваков тип на проекти треба да поздравуваме, затоа што пациентите тоа што можат да го добијат во Македонија не можат да го добијат да речеме пациентите во Белград, Загреб и Љубљана, изјави Мицкоски.

Она кое што исто така ни го демонстрираа луѓето е фактот дека сега додека се вршат кардиолошките процедури можат и кардиохируршките процедури истовремено да се вршат.

Зашто го кажувам ова? Не го кажувам наивно, го кажувам затоа што како Влада планираме процесот на интегрирање на клинички центар да го започнеме со интегрирање на кардиологија и кардиохирургија во национален васкуларен центар, кажа Мицкоски.

И тој е веќе почнат со подготовки – поради изборите би рекол дека е во фаза на подготовка, но веднаш после изборите поробусно, поинтензивно ќе продолжиме со тој процес.

Како претседател на Владата и како Влада апсолутно ќе ги подржуваме сите вакви напори на клиниките, на болниците во Македонија, поддршката ја добиваат и од министерот и од директорот на фондот.

Очекувам со вакви убави вести да се јавиме и од проектите кои што се во тек, да ја информираме македонската јавност, а веднаш после завршувањето на изборите ќе имаме малку поробусна акција и поголем фокус на здравството кој што ќе биде прв приоритет, изјави Мицкоски по посетата на Државната кардиохирургија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезна полски државјанин на Водно
Следна Статија Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Јадете ги овие три намирници и ќе ослабете до почетокот на летото

Доколку сакате да ослабете до летото, сега е вистинското време да започнете со здрави промени во вашата исхрана. Според нутриционистите,…

May 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на денешната прес-конференција од седиштето на партијата упати потсетување до…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?