Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Објавено February 6, 2026 13:16
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња.

Во интервју за националната телевизија Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите што по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жените, претседателот на Унијата на младите, претседателот на Унија на ветераните, претседателот на партијата, генералниот секретар…

Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 члена. Мицкоски рече дека ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветераните, Унијата на младите и на Унијата на жените. Очекува од 20 до 25 проценти од составот на ИК да бидат нови луѓе од партијата.

Да, точно е тоа дека партијата во овој мандат нема повеќе да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на ИК. Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата и плус некои други имиња. Со тие луѓе јас сум од првиот ден, тие луѓе се мои најблиски сорботници и во интерес на она што веќе го најавив за 2029 година и за принципите што ги застапувам на конгресот во 2029 година партијата ќе има ново раководство, нов претседател итн… Ценам дека е потребно да се има рамен терен за сите оние што се заинтересирани и мислат дека може да додадат вредност, пред сè, во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата, да може да се кандидираат и да ја побараат поддршката од делегатите на конгресот – изјави премиерот.

Мицкоски рече дека првиот состанок со новиот состав на Извршниот комитет планира да се одржи следаната недела кога би се донела одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата.

На тој состанок би излегол и со одредени кадровски решенија во делот на претседател на Градскиот комитет на партијата и претседатели на некои републички партиски комисии итн., со што генерално би ја заокружил врвната структура на партијата. Потоа доаѓа процесот на селекција на претседатели на општинските комитети. Тоа е процес на интервју, нивен избор, бидејќи тие по статут се и членови на ЦК, највисокото тело на партијата. Кога ќе се заокружи тој процес, потоа ќе оставиме време на новите или на старо-новите претседатели на одредени општински комитети да го составот ликот на општинскиот комитет – изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тие тоа го составуваат, како што рече, ќе почнат размислувањата и за Владата, за нови кандидати, како и за промена на ресори. Негови очекувања се дека целиот овој процес ќе биде заокружен некаде до мај или јуни. Најави дека од есен ќе има ажурирање на членството на партијата.

Премиерот Мицкоски најави дека по седницата на новиот состав на ИК следната недела, ќе замине во Минхен, но исто така нагласи и дека во рамките на работата на Владата очекува годинава да се испорачаат многу реформи значајни за граѓаните. Оваа година, како што истакна, ќе биде успешна на повеќе полиња

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски: Очекува МВР да излезе со десетици тони дрога кои се наоѓааат во скалдиштата низ Македонија
Следна Статија Алфабет не сака да зборува за договорот за вештачка интелигенција со Apple, дури ни пред инвеститорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари

Се работи интензивно за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и многу скоро институциите ќе излезат со конкретни информации. Како…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова,…

November 18, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за репресија и политички прогон: Власта влегува во последна фаза пред избори

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, реагираат од СДСМ. Во продолжение…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гости му украле половина подароци на мајмунот Мики во ЗОО Скопје

Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во Скопје, објави дека посетители украле дел од подароците наменети мајмунот Мики, кој ги…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?