Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова

Објавено August 24, 2025 16:16
Сподели
Сподели

Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на граѓаните, видовме што значи партиските интереси да се пред здравјето на луѓето и заради политички инает да се уништи градот и претпријатијата, а со тоа и животот на граѓаните. Видовме како развојот на градот се кочи поради бизнис договори и како Скопје се уништува заради партиски профит, посочи денеска на прес-конференција кандидатката од редовите на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова.

Вели ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со актуелната градоначалничка Данела Арсовска, која, како што рече, најпрво ја поддржаа, а потоа ја отфрлија. Според Шукова, доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори, наместо одговорно управување градот ќе биде претворен во поле за лични и партиски интереси.

– Никогаш нашиот град не бил толку далеку од своите граѓани и ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот. Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди, го претворија Скопје во заложник на нивните расправии и интереси сега, а во следните четири години ќе го претворат во поле за личните и партиски интереси, наместо да управуваат одговорно, го жртвуваа Скопје да се пресметуваат со градоначалничката која што прво ја поддржаа, потоа ја отфрлија. Денес секој булевар, секоја улица, секое маало сведочи за нивниот неуспех и тоа ние скопјани нема да го дозволиме повторно, рече Шукова.

Како резултат на ВМРО-ДПМНЕ, вели, изминатите четири години градот се соочи со целосно уништување на јавниот превоз, ѓубре насекаде без систем за чистење, како и културно пропаѓање и целосно уништување на урбаниот дух на градот.

– Сите знаеме низ што помина градот – јавниот превоз целосно уништен, ѓубре насекаде без систем за чистење, преполни контејнери, културно пропаѓање без дно и уништување на целиот урбан дух на градот е резултат само на ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Скопјани очекуваат решенија и искреност, политики кои што носат резултати, очекуваат чист, уреден и културен град. Очекуваат градоначалник со визија и план, без лажни ветувања и хартиени мега-проекти. Што нудат тие? Додека Скопје се дави во урбанистички хаос, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски отворено го брани криминалното дивограделство во Чаир. Наместо одговорност и решенија гледаме позирање со коалициски партнери од Влен, со истите кои што го создадоа овој урбан хаос, нагласи Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта
Следна Статија Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС

Сведоштвата на поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лејла Кадриу, ги потврдуваат долгогодишните сомнежи дека оваа институција била партизирана…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Што ветил Таравари на фирмата „Ѓока“ од Албанија за паркингот на Клинички центар?

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци.…

November 25, 2024
ПОЛИТИКА

Деспотовски: Ова не е СДСM, ова е атак на поединци кои во моментот управуваат со партијата

Ова што сега му се случува на СДСM, е срам кој што му го нанесуваат поединци, кои се тие аргументи…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?