Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

Објавено September 20, 2025 12:05
Сподели
Сподели

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка.

Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста.

Информациите говорат дека Мојсоска на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, а на 03.02.2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на 3 пати по 54.000 денари.

И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кое пред граѓаните се претставуваа како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја прашуваат Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари.

Нели е повеќе од доволна пратеничката плата? Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија?

Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдоброто за Скопје допрва доаѓа: Орце Ѓорѓиевски најави „генералка” во првите 72 часа од мандатот
Следна Статија Мицкоски: Мора да има одговорност за упропастениот град и оставениот хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

И потпретседателката Абази го напушти Таравари, доби нова функција во владата

Поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази е избрана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), во…

May 21, 2025
ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) СДСМ: Максим Димитриевски се стекнал со стан од 97 квадрати за само 2.500 евра

Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски,…

May 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска го обвинити опозицискиот СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче за длабоко неодговорен,…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?