Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Објавено August 26, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за пад на животниот стандард. Од владејачката партија посочуваат дека статитстиката потврдува оти порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 6,7 отсто, за разлика, од како што велат, 3,5 отсто во времето на СДСМ. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ значи дека стандардот на граѓаните сега е поголем од времето кога СДСМ беше власт.

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега, откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет. Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното: растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%“,порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во однос на инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и таму бројките се лоши за СДСМ.

„Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега, кога во просек е 3.6%. СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“,додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Филипче обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги оставаат граѓаните во сиромаштија, дека инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат, а животниот стандард опаѓа. Тој, меѓу другото, нагласи и дека сегашната власт го прекинала системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ, оставајќи ги граѓаните, како што рече, на работ на преживување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку чини дневно одржувањето на јахтата на Филипче: За гориво 1800 евра, екипаж 500 евра…
Следна Статија ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако…

April 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?