Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес ќе усвои „Стратегија Македонија 2030“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес ќе усвои „Стратегија Македонија 2030“
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес ќе усвои „Стратегија Македонија 2030“

Објавено December 4, 2025 15:43
Сподели
Сподели

На 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во сабота, 6 декември, во Кавадарци, партијата ќе го усвои стратешкиот документ „Стратегија Македонија 2030“. Станува збор за конгресен документ со кој ВМРО-ДПМНЕ ја претставува својата визија за тоа како, како владејачка партија, ја гледа државата во наредната деценија и кои се главните столбови на развојот.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите, истакна дека верува оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води владата во целиот четиригодишен период до 2030 година. Тој нагласи дека во овој момент нема причини за предвремени избори, освен ако не се случат значајни политички промени. Според него, владејачката коалиција функционира нормално и стабилно.

Иако анкетите се во корист на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ не размислува за избори, бидејќи во следните години државата се соочува со интензивен циклус на отплата на долгови. Во 2025 година се враќаат 500 милиони евра од еврообврзници, во 2026 околу 700 милиони, во 2027 уште 500 милиони, а во 2028 повторно околу 700 милиони евра во обврзници. Според партиските проекции, 2029 и 2030 ќе бидат години без евробврзници, што би создало поголем фискален простор. Ова е долг кој е наследен.

За претседател на партијата, до сега е пријавен само еден кандидат. Конгресот во Кавадарци ќе собере повеќе од 850 делегати и повеќе од 1.700 гости, меѓу кои и претставници од сестрински партии. Освен изборот на претседател, ќе бидат избрани и Статутарна комисија и Комисија за надзор на финансиското работење, тела кои формално го заокружуваат внатрепартискиот архитектон на новиот мандат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“
Следна Статија Разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски ќе почне многу наскоро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа

Левица предлага намалување на работниот ден на 6 часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не…

June 16, 2025
ПОЛИТИКА

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, во гостување на Радио Лидер, говореше за правењето на длабок рез во делот…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?