Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба

Објавено May 25, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипе дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.

-Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави средби со своите коалициони партнери може да го напарви тоа со Али Ахмети, со Таравари или со Димиче Апасиев, бидејќи тие се исти луѓе со исти вредности, рече Манасиевски на новинарско прашање дали е прифатлива за нив најавата на Филипче дека во понеделник ќе предложи конкретни точки за лидерска средба заради постигнување консензус околу евроинтеграциите.

Одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, во врска со обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на Свечената академија во које тој повика на единство кај партиите кога се во прашање националните интереси, Филипче кажа дека постојано иницирал средби, за тоа што треба да се направи за постигнување национален консензус и дека е апсолутно подготвен да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.

-Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано
Следна Статија ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Коалицијата НАИ е во фаза на неизбежно распаѓање

Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што…

November 19, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот…

September 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски потсети: Има 14 пресуди на Судот за човекови права со кои што Бугарија се обврзува да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин

Премиерот Мицкоски нагласи дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ и потсети дека и источниот сосед има обврски кои мора да ги…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?