Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со два проценти доверба бара повисоки примања и до осум просечни плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со два проценти доверба бара повисоки примања и до осум просечни плати
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со два проценти доверба бара повисоки примања и до осум просечни плати

Објавено November 22, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Наместо работа, ефикасност и подобрување на перцепцијата кај граѓаните, правосудството со 2 проценти доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност.

Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите.

Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци.

За да бидат работите појасни, дека не се проблем примањата туку ефикасноста на нашиот правосуден систем, ќе направиме неколку споредби.

Прво ќе почнеме од соседна Србија, каде судиите и обвинителите земаат 2,3 просечни плати, околу 120.000 денари или 2.000 евра, а довербата на граѓаните е 20%. Со ист процент на доверба од 20% во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ и таму нивните правосудни органи земаат плати, приближно, колку нашите претседатели на судови, односно 3350 евра.

Словенија е земја со висок процент на доверба во судството од 41%, додека пак платите на судиите се движат од почеток од 107.000 денари или 1738 евра, кои во врвот на кариерата достигнуваат до нешто над 4000 евра.

Тука, секако, не треба да ја заборавиме и една од економски најразвиените европски држави, Германија каде довербата на граѓаните во судството е неверојатни 58%, а судиите земаат околу 3300 евра плата или 200.000 денари.

Судиите и обвинителите и нивните здруженија во Македонија сега бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би зел околу 160.000 денари или пак претседател на некој суд 360.000 денари. Што би значело, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати.

Тоа би било над сите примања кои ги добиваат нивните колеги во Европа со далеку повисока ефикасност и доверба од граѓаните, а кај нас со доверба од само 2%.

Затоа повикуваме на разумност и веќе крајно време е правосудните органи да се зафатат со работа и да покажат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Капиталси triumfiraа со убедлива победа во Монтреал: Победија со 8:4
Следна Статија (ВО ЖИВО)Трибина: Локални и глобални предизвици од младинско значење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче промовира Фронт за слобода и правда

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката,…

May 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначникот на Дубровник се вклучи на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: Ја претстави алатката Око за Дубровник

На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ја нарече неоснована барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?