Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

Објавено December 18, 2025 16:21
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што ја нарушува слободата на изразување, оценувајќи дека станува збор за свесно извртување на нејзината уставно-правна природа и за ширење паника во јавноста.

„Наводите на СДС дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно-правната природа на овој акт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека Резолуцијата е политички акт со декларативен карактер, преку кој Собранието изразува став и утврдува политички позиции, без да создава правни обврски.

„Резолуцијата не е закон, не е подзаконски акт и не создава општообврзувачки норми, ниту пак воведува забрани, санкции или ограничувања на права и слободи“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тврдењата дека со Резолуцијата се гуши слободата на говорот се правно неосновани.

„Слободата на изразување, гарантирана со Уставот, може да биде ограничена само со закон, под строго утврдени услови. Во конкретниот случај, не постои ниту законска интервенција, ниту правен механизам што би ја ограничил политичката активност или јавното изразување на СДС или на кој било друг политички субјект“, истакнуваат од партијата.

Во реакцијата се наведува дека Резолуцијата не забранува јавна дебата и не воведува цензура.

„Резолуцијата не забранува дебата, не забранува изнесување ставови и не воведува цензура. Осудата на дезинформации не претставува уставно-правна санкција, туку политичка оценка, што е целосно легитимно право на Собранието“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека уставната слобода на изразување не значи апсолутно право на ширење невистини и манипулации.

„Политичката критика е дозволена и заштитена; дезинформациската кампања не е уставна вредност, особено кога станува збор за прашања што ја засегаат јавната безбедност и општествената стабилност“, порачуваат од партијата.

Во продолжение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за лицемерие, потсетувајќи на, како што наведуваат, одлуки од минатото поврзани со мигрантски аранжмани.

„Апсурдно е СДС да зборува за ‘уривање на правниот поредок’, кога токму тие во минатото носеа одлуки и склучуваа аранжмани поврзани со мигрантски центри без транспарентност и без јавна расправа“, се наведува во реакцијата.

Од партијата истакнуваат дека со Резолуцијата јасно е потврдено дека нема и нема да има мигрантски кампови, а најавите за обраќање до меѓународни институции не можат, како што велат, да ја сменат правната реалност.

„Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, не задира во човековите права и не создава правни последици по слободата на говорот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, од партијата оценуваат дека СДСМ повторно избира паника наместо аргументи.

„Вистината е едноставна и правно чиста: Резолуцијата е уставна, а лагите за мигрантски кампови се политичка манипулација“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ
Следна Статија Тошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по 1 февруари почнуваат казните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Додека сите граѓани мора да ги почитуваат сите процедури за добивање одобрение за градба, имаат ли кандидатите за советници од…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за…

April 29, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети…

April 5, 2026
ПОЛИТИКА

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица води со повеќе од 2000 гласови

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков води со 2000 гласови разлика, објави Струмица денес.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?