Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика

Објавено November 9, 2025 11:55
Сподели
Сподели

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови. И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес. Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад. Јасно е дека, доколу СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија порачуваат дека потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДС, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.

-СДС и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси. Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино
Следна Статија Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје – чисто и достоинствено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште,…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ,…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?