ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Извршниот комитет утврди 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.
Сопиште – Јане Мицевски
Кичево – Александар Јовановски
Крива Паланка – Оливер Алексовски
Маврово Ростуше – Онер Јакуповски
Кривогаштани – Сашо Граорковски
Шуто Оризари – Ерџан Демир
Крушево- Нико Чонески
Валандово – Ѓоко Камчев
Виница – Митко Костадиновски
Демир Хисар- Никола Најдовски
Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов
Радовиш – Љупчо Почивалец
Чашка – Дејан Андоновски
Прилеп – Дејан Проданоски
Струмица -Петар Јанков
Неготино- Марија Нацева
-Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.
Извршниот комитет, како што кажа, врз основа на внатрепартиските анализи и сондажи заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на уште една историска победа на претстојните локалните избори.