Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

Објавено February 12, 2026 20:58
Сподели
Сподели

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана. Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата. Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар. Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство, велат од партијата.

Од владејачката партија посочуваат дека Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.

Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев. Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери. Зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија? Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале? Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија? ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на изградба на стабилни институции, владеење на правото и подобар животен стандард на граѓаните, велат од владејачката партија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски од утре ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција
Следна Статија Протестири во повеќе држави бараат од Target да се спротивстави на имиграционата рација во Минесота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во вчерашното издание на емисијата ВЕЧЕРНОТО ШОУ со Богдан Илиевски, излезе со лични…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски организираше ифтар (ФОТО)

Премиерот Мицкоски вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Во духот на овие вредности, вечерта ја…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века

Премиерот Христиојан Мицкоски присуствува на Вевчанскиот карневал. -Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?