Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е симбол на корупцијата во здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е симбол на корупцијата во здравството
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е симбол на корупцијата во здравството

Објавено February 16, 2026 13:38
Сподели
Сподели

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а истата ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

Филипче и Заев си го сменија и Законот за градење за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на се биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или, 1% од 100%. Каде отишле останатите 99% од парите нема одговор.

Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче кој е единствениот потписник на модуларните болници не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи.

Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството, за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните?

Почитувани граѓани, Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат – шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев.

Ние нема да дозволиме вистината да се заташка. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повлечени илјадници тегови путер од кикирики поради потенцијални страни материјали
Следна Статија Ченто и порача на Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството да се занимава со СДСМ – ширењето паника и страв околу мигранти е насилство

Обвинителството да се позанимава со изјавите на СДСМ околу мигрантите побара премиерот Христијан Мицкоски денеска. Тој кажа дека од СДСМ…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?