Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од ТЕМУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од ТЕМУ
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од ТЕМУ

Објавено February 10, 2026 15:51
Сподели
Сподели

Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цените за кои Филипче вика дека ги нема никаде во Европа, се истите кога беше СДС на власт и за кои неговиот сопартиец Бочварски викаше дека се ниски. За потсетување, Бочварски крајно лицемерно и елитистички им викаше на граѓаните ако им се скапи патарините, нека возат по локални патишта. Социјалдемократот од Тему, Филипче имаше 7 години да побара намалување на цените на патарините или во најмала рака ако бил загрижен да му се спротивстави на неговиот сопартиец Бочварски, но не го стори тоа, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Или можеби Филипче бегајќи панично кон Грција сега прв пат плати патарини во животот“?

-Она што Филипче треба да го каже, каде одеа парите од патарини во нивно време и во чии џебови завршуваа народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините
Следна Статија ДЗР: Лабораториите да се опремат за испитување што повеќе забранети и штетни супстанци во производите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, најави градоначалникот Стојкоски

Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. -…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не…

July 7, 2025
ПОЛИТИКА

Почнаа разговорите меѓу владините партнери за реконструкција на Владата

Процесот за најавената реконструкција на Владата се одвива преку тековни разговори со коалициските партнери, при што денес и утре се…

June 19, 2026
ПОЛИТИКА

Три пратенички места остануваат празни

На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?