Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО ДПМНЕ: Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО ДПМНЕ: Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани

Објавено September 27, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери како лице вклучено во криминални активности и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата невдуваат дека Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:

Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.

САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Стевчо Јакимовски местел тендери и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија.

Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција, додаваат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми
Следна Статија Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ,…

July 18, 2025
ПОЛИТИКА

Сценариото за сеење страв е подготвено пред месец дена во Дубаи од Филипче и менторот Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секогаш…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?