Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Внимавајте ако патувате во Грција: Нови правила за прва помош и ограничувања кои ќе ве чинат скапо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Внимавајте ако патувате во Грција: Нови правила за прва помош и ограничувања кои ќе ве чинат скапо
Roadtrip

Внимавајте ако патувате во Грција: Нови правила за прва помош и ограничувања кои ќе ве чинат скапо

Објавено April 17, 2026 15:32
Сподели
Сподели

Две нови сообраќајни правила можат да им донесат главоболка на оние кои летово ќе патуваат во Грција. Со нов закон за сообраќај се ограничува брзината на возење од 30 километри на час во сите населени места, а се затегнуваат и правилата за тоа какви помагала за прва помош содржи возилото.

Contents
  • Што е различно во новиот стандард?
  • Што уште мора да имате во автомобилот?
  • Кои се казните за брзо возење согласно новото ограничување?
  • Кои други казни се променети со новиот закон?

Казна од 30 евра следува за нецелосен или несоодветен комплет, напиша Прототема. Од 18 јуни возилата ќе мора да имаат пообемен сет кој е по стандардот DIN 13164:2022. Најлесно решение е купување готов комплет со оваа ознака.

Комплетот чини околу 31 евро, додека стариот чинел околу 3 евра.

Што е различно во новиот стандард?

Клучни се 16 нешта кои мора да бидат внатре во сетот:

-термо-ќебе за спречување хипотермија

-сет фластери во повеќе големини (вкупно 14 парчиња)

-стерилни завои во точно дефинирани димензии

-специјални облоги за изгореници

-компреси за рани

-еластични завои во две големини

-медицински ракавици

-заштитни маски

-влажни марамчиња за хигиена

-безбедносни ножици со заоблен врв

-упатство за прва помош со јасни пиктограми

Некои од овие материјали имаат рок на траење од 5 години, додека дел треба редовно да се заменува на секои две години, што значи и дополнителни трошоци за возачите.

Што уште мора да имате во автомобилот?

Покрај комплетот за прва помош, грчките прописи бараат и друга задолжителна опрема:

  • апарат за гаснење пожар
  • предупредувачки триаголник
  • рефлектирачки елек
  • резервна гума или сет за поправка
  • основни резервни сијалици (препорачано)

Кои се казните за брзо возење согласно новото ограничување?

Грчките медиуми во февруари пишуваа за воведување на ограничување на брзината во населени места на 30 километри на час.

Новост е и што законот предвидува и нови „паметни“ камери и дронови кои автоматски ги бележат прекршоците, а казните се испраќаат веднаш преку СМС или е-пошта.

„Мерките од новиот Закон за сообраќај веќе стапија во целосна сила и радикално го менуваат секојдневниот живот на возачите“, пишува Прототема со нагласок дека претходното ограничување изнесуваше 50км/час.

Овие зони ќе бидат воведени во речиси сите станбени населби, во близина на училишта, паркови и тесни градски улици.

Според новиот закон, казната за надминување на брзината до 20 км/час изнесува 150 евра со одземање на возачката дозвола на 20 дена.

Ако се работи за надминување од 20 до 30 км/час следува казна од 350 евра и одземање на дозволата на 60 дена.

За поголеми надминувања на брзината казните се 750 евра со одземање на дозволата на 90 дена.

а екстремни прекршоци (на пример, возење со над 200 км/ч на автопат или двојно надминување на брзината во град), казната може да достигне и до 2.000 евра, со трајно одземање на дозволата во некои случаи.

Кои други казни се променети со новиот закон?

Казната за користење мобилен телефон е зголемена од околу 100 евра на почетни 350 евра, со можност да достигне до 4.000 евра при предизвикување несреќа.

Најзначајната промена во новиот грчки сообраќаен закон (ΚΟΚ) за летото 2026 година е преминот од фиксни и поблаги казни кон строго степенуван систем на рецидивизам, каде што секој повторен прекршок драстично ја зголемува казната.

Исто така се укинува попустот од 50% за брзо плаќање, што значи дека секој прекршок веднаш се евидентира во централен систем без можност за намалување на износот.

Законот беше излагасан уште во 2025 година, но стапува на сила летово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Матео Салвини до ЕУ: НЕ СТЕ НОРМАЛНИ, барате да го исклучиме греењето и да переме помалку, ова ли се решенијата за војната во Иран
Следна Статија Ќе се позиционира ли рударството како стратешки сектор?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Roadtrip

(ФОТО) Најлуксузниот кампер досега – чини 2,8 милиони евра и има гаража за автомобил!

Vario Perfect Assoluto, проект на германската компанија VARIOmobil, беше претставен на настанот „Caravan Salon“ во Диселдорф. Со моќни 530 КС,…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе Филипче, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. И откако Венко Филипче отиде да лобира за…

September 9, 2025
БАЛКАН

Скандал во Грција: Злоупотребиле европски субвенции и направиле штета од 22 милиони евра

Истрагата на грчките власти утврди дека земјоделските субвенции од Европската Унија биле злоупотребени на високо ниво, во износ од најмалку…

September 5, 2025
БАЛКАН

Србите се изборија за полесен влез во Грција

Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?