Според достапните информации, мечка денеска била забележана во реонот над селото Горно Коњско, во близина на Охрид.
Од надлежните ги повикуваат жителите, туристите, планинарите и сите лица кои престојуваат или работат во ова подрачје да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките за безбедно движење во природа.
Воедно, се апелира до граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица што престојуваат во овој реон, навремено да ја споделат информацијата со цел да се избегнат несакани ситуации и да се зголеми претпазливоста.
Надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали, но препорачуваат зголемена внимателност при движење во шумските и планинските предели над Горно Коњско.
