Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила
БАЛКАН

Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

Објавено August 8, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е особено распространет во текот на туристичката сезона, со паркирање на стотици автомобили со странски регистарски таблички во центарот на градот“, а дополнително „присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети“.

– Возачите што ќе видат дека нивното возило е неподвижно мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција (+302313 317930) и да ја платат соодветната казна за да им биде ослободен нивниот автомобилот, соопштија од општината.

Заменик – градоначалникот задолжен за општинската полиција на Солун Костас Циапакидис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпиле сите други средства во напорите за спроведување на Законот за безбедност на патиштата и спречување на непрописно паркирање, донеле одлука за имплементирање на конкретниот систем.

– Досега, во многу случаи, претежно странски прекршители ја кинеа казната и ја напуштаа земјата бидејќи прекршокот не се гледа никаде. Сега, со блокаторите ова не може да се случи бидејќи само општинската полиција може да ги отстрани, откако ќе се плати казната. Освен тоа имаше случаи кога автомобилите остануваа неправилно паркирани три, четири, па дури и 15 дена, коментира заменик-градоначалникот.

Дополнително додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дончиќ вози супер автомобил вреден 2 милиони евра, забрзува од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди
Следна Статија Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вкупно 76 лица загинаа во пожарот во хотел во турски ски центар – прогласен ден на национална жалост

Турција прогласи ден на национална жалост поради трагедијата што се случи во турскиот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта…

January 21, 2025
БАЛКАН

Исчезна 12-годишно дете во Србија

Илија Матиќ, дете на возраст од 12 години, исчезна во Србија. Неговиот татко за српските медиуми изјавил дека момчето исчезнало…

April 5, 2025
БАЛКАН

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на…

March 11, 2025
БАЛКАН

СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 АВИОНИ „РАФАЛ“: Државата се задолжува со 1,9 милијарди евра

Србија се задолжува со 1,9 милијарди евра за купување 12 авиона „Рафал“.  Северниот сосед се согласи на заем од 1.921.500.000…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?