Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Внимавајте од кого купувате возило: Откриени злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Внимавајте од кого купувате возило: Откриени злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте од кого купувате возило: Откриени злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви

Објавено May 20, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Царинската управа денеска презентираше неколку случаји поврзани со злоупотреба при увоз на половни возила, но и со автомобили од плацовите за продажба.

Еден од најинтересните случаи е поврзан со увоз на Мерцедес Е350 од Италија на три лица од Гостивар, од кои еден бил сопственик на возилото. Тие преку разработена шема успеале да ги избегнат царините и давачките кон државата, во синџирот учестувале царински службеници, шпедиција и нотари. Кај секоја етапа во обидот возилото да биде пуштено во легален промет имало криминал.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски вели дека делуваат да го сузбијат криминалот со увозот на половни автомобили без да бидат платени давачките кон државата.

Годинава поднесени се 41 пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривичи пријави а штетата во државниот буџет е 239.000 евра.

Во мрежата на царински службеници, шпедиции,нотар и полициски службеник извршиле криминално дело со употребувано возило „Мерцедес“ и против сите е поднесена кривична пријава а возилото е одземено.Станува збор за грубо кршење на законите и се извршени повеќе криминални дела: Фалсификување исправа, злоупотреба на исправа со неисправна содржина.Возилото е влезено од Италија во април минатата година е лажно прикажано како штотуку влезено во јули 2024 година со употреба на фалсификувани документи и злоупотребени пробни таблици. Царинската постапка било лажно завршена со помош на внатрешни лица без реално да се платат давачките.Извршени се незаконски регистрации и заверки без проверка во системите.Форензички е докажано дека е факсификуван потпис и печат на фирма која воопшто не била поврзана со увозот.Возилото е запленето а против девет лица е поднесена кривична пријава за повеќе кривични дела.Направено е вештачење и форензика на одземената опрема,, како и документација од шпедитерот и нотарот и утврдено е дека документацијата е фалсификувана и е употребен фалсификуван печат и потпис на фирма со цел Мерцедесот да се пушти во промет без да се платат увозни давачки.Мерцедесот е најмалку битен, туку ситемскиот пристап при сузбивање на криминалот во царинската постапка и неговото санкционирање, објасни Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ бара прекуатлантско трговско примирје откако царините ја притиснаа автомобилската индустрија
Следна Статија По прекинот со струја, денес прекин и на телефонските и интернет врските во Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден, дисциплинска за двајца полицајци

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?