Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)
ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Објавено July 7, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи.

Додека „војните за лежалки“ продолжуваат во одморалиштата ширум Европа, се чини дека на некои вработени во хотелите им дошло преку глава.Имено персоналот на еден хотел на Закинтос одлучил да ги земе работите во свои раце и да се пресмета со туристите кои со пешкири се обиделе да резервираат лежалки во раните утрински часови. Според „LADbible“ овој грчкиот остров, и покрај прекрасните плажи и времето, во последниве години стана рај за забави за младите луѓе.

Иако некои туристи се соочувале со сериозни проблеми поради несоодветно однесување во хотелите, се чини дека гостите кои ги оставиле своите пешкири во 6 часот наутро се извлекле со малку поблага, но секако креативна казна.

Инаку некои хотели почнале да наплаќаат казни за да стават крај на таканаречените војни со лежалки, но младите вработени во еден хотел на Закинтос се одлучиле за поедноставен и според многумина, позабавен план.

Во виралното видео, кое брзо собра десетици илјади лајкови на ТикТок, се гледа како хотелскиот персонал се враќа дома од ноќно излегување во 6 часот наутро. Наместо да си легнат, тие решиле да ги преместат сите пешкири што веќе биле поставени околу базенот. Некои завршиле скриени на огради, други на дрвја, а некои дури и на ѕидови високи два метра.


Мили од Блекпул, која работи и живее во хотелот за кој станува збор, ја објасни заднината на приказната.„Живееме во хотелот затоа што работиме тука, а во моментов има многу туристи. Дојдоа и ги поставија пешкирите покрај базенот. Никој не го прави тоа. Едноставно не, затоа што сме на Закинтос“, изјави таа.

„Сите испивме неколку пијалаци, а потоа почнавме да им ги криеме пешкирите низ хотелот. Не мислам дека треба да резервирате лежалки бидејќи овде очигледно, никој не станува пред 15 часот, па буквално нема смисла. Тоа е доста себично бидејќи половина од тие луѓе воопшто не стануваат, а потоа оние што ќе се пробудат немаат каде да легнат. Тоа е толку иритантно“, додаде Мили, забележувајќи дека сега тоа е нивниот дом. „Ги исплашивме. Оттогаш не го направиле тоа“, истакна таа.Видеото предизвика лавина реакции, а Мили рече дека ги слушнала гостите на хотелот како зборуваат за тоа.

„Слушнав луѓе како споменуваат ТикТок. Неколку девојки до кои седев на базенот, со кои никогаш не сум разговарала, коментираа: „Го видов тоа ТикТок видео, беше во овој хотел, некој поместувал пешкири.“ Само се насмеав. Не очекував да стане вирално“, призна Мили.

Коментарите под видеото беа поделени. Некои сметаа дека постапките на персоналот се оправдани, тврдејќи дека лежалките треба да му припаднат на оној кој ќе дојде прв. Од друга страна, многумина сметаат дека работите на другите луѓе не треба да се третираат така и дека постои поцивилизиран начин да се реши проблемот.„Некои се согласија со нас. Други мислат дека туѓите работи не треба да се допираат, но тоа е само пешкир. Луѓето во коментарите беа многу вознемирени. Тоа беше само шега“, заклучи Мили.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп жестоко го навреди Маск за основањето нова партија: Хаос е, целосно излетал од „шините“
Следна Статија Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

K-15 – Basket – Mile bara mesto kaj sto mu ide shut

Да се потестиме на ова легендарно видео!

February 16, 2025
ЗАБАВА

Цеца се присети на затворските денови : Десет дена штрајкував со глад

Цеца Ражнатовиќ се присети на затворските и зборуваше за полициската акција „Сабја“ во чии рамки беше уапсена. Како се справивте…

November 11, 2024
ЗАБАВА

Пазете, започнуваат некрстени денови- Трудниците треба да бидат посебно внимателни

Судејќи според старите верувања, треба да бидеме внимателни деновиве бидејќи почнуваат озлогласените „Некрстени денови“. Ова име го означува периодот од…

January 10, 2025
ЗАБАВА

Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

На најновата листа на 50 најдобри појадоци во светот, еден деликатес од Србија се најде на високо второ место. Македонскиот…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?