Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра
ХРОНИКА

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра

Објавено May 24, 2026 22:27
Сподели
Сподели

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција  во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија.

Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште.

При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти полицијата, не постоела соодветна документација и дозволи за транспорт.

Дополнително, при контрола кај еден од патниците – 20-годишниот Ф.И. од Теарце – биле пронајдени пет пликоа со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра.

Од МВР велат дека парите биле внесени преку Граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, а патникот не поседувал документација за сопственост и потекло на средствата.

Возачот и патникот се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, како и прекршување на Законот за девизно работење.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Започна уривањето на империјата на брзите кредити
Следна Статија (ВИДЕО) Урнебесна појава: Зајци се тепаат кај гостиварско село

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдено 12-годишното дете кое беше пријавено за исчезнато

На 23.07.2025 во 20:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка кај Меѓуградската автобуска станица во Скопје…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Двајца осомничени, пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во…

March 23, 2025
ХРОНИКА

Фрлена бомба во штабот на Самка Ибраимовски

Денеска е фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 152 во Тетово. Искршени се…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице за кое постои…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?