Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени екс градоначалник и поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во акцијата на Финансиската полиција опфатени екс градоначалник и поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“
ХРОНИКА

Во акцијата на Финансиската полиција опфатени екс градоначалник и поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“

Објавено June 3, 2026 13:57
Сподели
Сподели

Поранешен градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, неколку вработени во таа институција, како и едно лице кое било своевиден посредник во олеснување на одредени незаконски активности се опфатени во акцијата на Финаниската полиција насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Во врска со вчерашната акција на Управата за финаниска полиција и за тоа дали таа била насочена против поранешен директор на Царина и поранешен градоначалник на Карпош, Мицкоски ја потврди акцијата, без да наведува имиња, нагласувајќи оти не сака да наштети на процесот и оти ја почитува презумцијата на невиност, а меѓу другото рече и дека истрагата ќе се проширува и на други институции.

– Ќе дадам краток одговор, бидејќи истрагата е во тек и не би сакал да навлегуваме во детали кои би можеле да го компромитираат евентуалниот понатамошен процес. Точно е тоа за кое зборувате. Станува збор за лице кое е поранешен градоначалник на општина и поранешен директор на јавна институција, во конкретниот случај Царинската управа. Во постапката се опфатени и неколку вработени во рамки на таа институција, како и едно лице кое, не знам како да го наречам, но бил многу близок до претходата влада и тоа лица често ги олеснувало условно кажано дејствијата, кои изоболуваат со многу незаконитости или народски кажано посредник – нагласи Мицкоски.

Тој рече дека согласно информациите со кои располага истрагата ќе се проширува и во период што следи слични вакви акции ќе има и во неколку институции, поради недоследнсти од минатото кои се содржани во ревизорски извештаи, а кои, како што додаде, преставуваат индиции за злоупотреба на службената положба и овластувања.

– Сепак, сè уште станува збор за истражни постапки. Јас го почитувам принципот на презумпција на невиноста и сметам дека секој има право и можност да ја докаже својата невиност, така што не би навлегувал во дополнителни коментари за материјално да не го нарушам процесот – изјави Мицкоски.

Претходно дел од медиумите објавија дека со акцијата е опфатен поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

– Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери – соопштија вчера од Финансиска полиција.

Овластени службени лица од Управата вчера постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведувале претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации.

– Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери. Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лишени од слобода се повеќе лица – се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР почнува засилени контроли за мотоцикли, мопеди и електрични тротинети
Следна Статија Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Свирепо убиство во Штип: Маж со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради…

November 16, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници…

December 2, 2025

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана

Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три…

April 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?