Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства во 1992 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства во 1992 година
БАЛКАН

Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства во 1992 година

Објавено March 21, 2026 19:59
Сподели
Сподели

Босанецот Хамдија Алукиќ се наоѓа во притвор без можност за кауција во затворот во округот Болдвин во Алабама, Америка, откако бил уапсен поради обвиненија дека извршил воени злосторства во Босна и Херцеговина во 1992 година, како член на паравоена единица на босанските муслимани, пренесува Фокс.

Алукиќ е обвинет во родната земја уште во 2010 година, а според обвинението, тој извршил одделни напади во село кај Приедор, во кои загинале двајца луѓе. Во првиот, тој и други војници пукале во автомобил во движење и го убиле возачот, по што му го запалиле автомобилот. Вториот напад Алукиќ и неговата единица го извршиле во куќа, каде го повикале домаќинот да излезе, за веднаш да го убијат на куќниот праг. Тие, според обвинението, пукале и кон сопругата и ќерката на убиениот човек, но тие успеале да побегнат.

Поранешен сосед на Алукиќ изјавил дека живееле еден до друг неколку години во гратчето Вилмер, пред Алукиќ и неговото семејство да се преселат.

„Тоа навистина ме остава без зборови, никогаш не би помислил на тоа, навистина е неверојатно“, изјави соседот.

Документите покажуваат дека Алукиќ бил уапсен во Мобајл во средата. Според неговиот поранешен сосед, Алукиќ живеел мирен живот во Вилмер со своето семејство.

„Имаа кучиња, кокошки и продаваа јајца во Волмарт и слично. Секогаш беа фини. Сум бил кај нив неколку пати додека растев. Беа вистински странци. Не зборуваа баш најдобро англиски — барем таткото и мајката“, изјави соседот.

Документите покажуваат дека тој планирал и извршил два одделни напади во кои загинале двајца луѓе.

Босна и Херцеговина ќе бара Алукиќ да биде испорачан во матичната држава, каде ќе му се суди за злосторства против цивилно население.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери
Следна Статија Еден знак ќе доминира оваа пролет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Денеска ќе протестираат студенти и земјоделци во Белград: Ова е борба на целиот народ

Денеска на плоштадот Славија во Белград ќе се одржи голем заеднички превоз на студентите и земјоделците, во почеток во 16…

December 22, 2024
БАЛКАН

Mуртезани на средба со познат лик во Македонија

Двајцата официјални претставници разменија мислења за начините за понатамошно подобрување на соработката за ЕУ прашањата, информираа од Министерството за надворешни…

February 7, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со…

July 12, 2025
БАЛКАН

48 полицајци повредени по вчерашните протести во Белград

Десетици демонстранти и неколку полицајци беа повредени вчера откако полицијата интервенираше по официјалното завршување на масовниот студентски протест во центарот…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?