Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години
ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Објавено January 22, 2026 12:17
Сподели
Сподели

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.

По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија С&П 500 иднините напредуваат, јапонските обврзници се опоравуваат: Преглед на пазарите
Следна Статија Амазон доби одобрение за изградба на огромен малопродажен простор во Орланд Парк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново

По синоќешнота престрелка во скопско Арачиново, каде беше усмртен 50-годишниот С.А., а повреден е неговиот 19-годишен син А.А., од МВР…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа…

October 6, 2025
ХРОНИКА

Едномесечно бебе донесено починато на Детска клиника

На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?