Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години
ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Објавено January 22, 2026 12:17
Сподели
Сподели

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.

По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија С&П 500 иднините напредуваат, јапонските обврзници се опоравуваат: Преглед на пазарите
Следна Статија Амазон доби одобрение за изградба на огромен малопродажен простор во Орланд Парк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Жена го пријавила сопругот и неговите родители за насилство

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?