Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици
Blog

Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици

Објавено June 23, 2026 13:11
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици.

Осврнувајќи се на состојбата во земјоделското училиште во Битола, министерката рече дека, и покрај реакциите во јавноста, предвидувањата на Министерството се покажале како точни.

„Во моментов има запишано само три ученици во прва година во земјоделското училиште во Битола. Сметам дека требаше да има поголема ажурност од страна на училиштето во привлекувањето и промоцијата пред деветтоодделенците“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека согласно законските прописи не може да постои паралелка со само тројца ученици, поради што од следната учебна година земјоделската струка ќе биде префрлена во Регионалниот центар во Битола.

Според министерката, учениците што годинава се запишале ќе бидат пренасочени во друга струка, додека постојните ученици од втора, трета и четврта година ќе продолжат да ја следат наставата како и досега.

Јаневска потенцираше дека не станува збор за згаснување на земјоделската струка, туку само за нејзино преместување во Регионалниот центар, каде што, како што рече, се инвестирани значителни средства.

Струката нема да се затвори. Не се затвора ниту училиштето како објект, туку само наставата по оваа струка ќе се реализира во Регионалниот центар“, истакна министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарска работа: Бугарија ја поставила плочата за Гоце Делчев во Баница без дозвола од локалните грчки власти
Следна Статија Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија

Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на нафтата, златото…

December 9, 2024
Blog

Каде завршуваат оштетените американски автомобили и каква улога има Грузија во тоа?

Грузија стана центар на светскиот пазар на користени автомобили во вредност од неколку милијарди, кои главно се увезуваат од Соединетите…

October 15, 2024
Blog

Такер Карлсон: Oружјето што САД го дава на Украина завршува кај мексиканските нарко картели

Голем дел од оружјето што САД го испраќаат во Киев како воена помош завршува на црниот пазар, вклучително и во…

February 11, 2025
Blog

(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни

Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?