Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице
ЗДРАВЈЕ

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Објавено June 17, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана дозвола. Овие компресивни ракавици се чекор во нивното закрепнување. Со помош на најсовремена технологија за 3Д-сканирање, вчера во Кочани се земале прецизни мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице, кои ќе бидат изработени во Германија, објави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО).

На 16 март во пожарот кој изби во дискотеката во Кочани загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Иако на прв поглед овие активности може да изгледаат едноставно, тие се резултат на здружени напори. Во Македонија, за жал, не постои соодветен материјал за компресивните ракавици. Но, благодарение на домашна компанија и нејзините меѓународни партнери, беше пронајдено решение. Секоја ракавица е изработена поединечно, со прецизни мерки земени за секој повреден – буквално за секој прст! Денес започна нивната дистрибуција, заедно со обука за правилна употреба, што е уште еден доказ за грижата и вниманието. Првата пратка е обезбедена со поддршка на граѓанска организација, објави Клековски.

Клековски вчера бил во придружба на министерот за здравство, Азир Алиу, во неговата посета на Општата болница во Кочани, каде што се сретнале со директорката, д-р Катерина Мирчоска.

Таму, во атмосфера исполнета со емоции, министерот се сретна со повредените, разговарајќи за предизвиците во нивниот третман и искажувајќи искрена поддршка. Со своето присуство, тој ја потврди целосната посветеност на Владата за грижата на повредените. Ова беше првата посета на министерот надвор од Скопје, што недвосмислено ги истакнува приоритетите на Министерство за здравство и на Владата на Македонија – грижа за повредените во трагедијата во Кочани. Во текот на денот, министерот оствари и средби со граѓански организации кои работат за поддршка на повредените, вели Клековски.

Директорот на ФЗО се сретнал со две храбри девојки, првите пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун. Едната од нив се врати во земјата пред десетина дена, а нивната сила и надеж оставаат длабок впечаток.

Нашата посветеност кон нив, како и кон сите повредени, останува непроменета – иста како во првите часови по трагедијата, и подеднакво цврста за иднината, заврши Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како рудник за литиум во Германија не стана стратешки интерес за ЕУ, туку тој во Србија
Следна Статија Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек

Во Велика Британија е покренато првото клиничко испитување во светот на вакцина којашто не треба да се чува во фрижидер.…

April 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции

Д-р Жан Митрев ја дава својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека ова е…

February 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за…

June 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Колариќ од АХВ: Првичните резултати за месните производи се уште позагрижувачки

Анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија дека дел од операторите со храна свесно ги доведуваат во заблуда…

June 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?