Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Германија на автопат возела во спротивна насока: Две починати лица и три деца во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Германија на автопат возела во спротивна насока: Две починати лица и три деца во критична состојба
СВЕТ

Во Германија на автопат возела во спротивна насока: Две починати лица и три деца во критична состојба

Објавено July 19, 2026 14:45
Сподели
Сподели

Две лица загинаа, а неколку други се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат во Германија предизвикана од жена што возела во спротивна насока. Несреќата се случила на автопатот А45 североисточно од Франкфурт. Трите деца на 34-годишната жена возач од Баварија се во критична состојба, соопшти полицијата.

Жената влегла на автопатот во погрешна насока на раскрсница во Флорштат и се судрила со голема брзина со автомобил управуван од 70-годишен маж. Мажот починал на местото на настанот, додека жената возач им подлегнала на повредите во болница кратко време по несреќата.

Нејзиниот сопруг и нивните три деца, на возраст меѓу 10 и 15 години, се тешко повредени. Судирот ги заробил сите во нивните возила и морало да бидат извлечени, соопшти полицијата.

Некои од повредените биле префрлени со хеликоптер во болница. Јавното обвинителство побарало од експерти да ја утврдат точната причина за несреќата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украдени лежалки во Италија се појавиле на плажа во Албанија
Следна Статија Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Анализа: Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови

Газа, Либан, Сирија, Јемен и сега Иран. Израел истовремено одржува најмалку пет воени фронта со огромни воени, економски и општествени трошоци.…

June 23, 2025
СВЕТ

(Видео) Сириските бунтовници ги емитуваа првите вести на државната телевизија

Сириските бунтовници ги објавија своите први вести на државната телевизија, објавувајќи дека „го добиле облогот и го собориле криминалниот режим…

December 8, 2024
СВЕТ

Трамп: Царини од 50% за бразилски стоки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, завчера адресираше писмо до неговиот бразилски пандан, Луис Инасио да Силва, во кое го известува…

July 10, 2025
СВЕТ

Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?