Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Грција се празнува Богојавление – Водици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Грција се празнува Богојавление – Водици
БАЛКАН

Во Грција се празнува Богојавление – Водици

Објавено January 6, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Со осветување на водите и фрлање на светиот крст во реки, езера, во морето од пристаништата, но и во општински базени, па дури и во фонтани, во Грција денеска се празнува Богојавление – Водици, во земјата познат како Епифанија, Теофанија или Фота, јави дописничката на МИА од Атина.

Манифестации за осветување на водите, како и секоја година се организираат во сите делови на Грција, со присуство на голем број верници, а исто како и кај нас, оној кој ќе го фати крстот, се верува дека ќе го следи среќа и ќе биде благословен цела година.

Централната манифестација во Атина се одржа на пристаништето во Пиреас во присуство на грчкиот претседател Константинос Тасулас, а крстот во морето го фрли поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос.

Во центарот на Атина, обичај е да се освети и резервоарот за вода, а како и секоја година, така и денеска осветувањето беше во присуство на атинскиот градоначалник и министри од Владата.

Во Солун пак, манифестацијата беше во солунскиот залив, со учество на над 50 лица, кои по крстот се фрлија од чамец закотвен во морето, додека митрополитот Филотеос, свртиот крст го фрли од пристаништето.

Освен традиционалното фрлање на светиот крст, во одредени делови на Грција постојат специфични и уникатни обичаи што се пренесуваат од генерација на генерација и ја одржуваат жива локалната традиција.

Во селото Арависо, во близина на Јаница во северна Грција, Водици се одбележува со необичниот обичај на поминување со коњи низ студените изворски води од планината Паико, во ритуал на прочистување и осветување, додека за градот Драма карактеристичен е обичајот „Арапи“, при што учесниците носат црни наметки, кожи, маски и овчарски ѕвона, создавајќи звуци додека дефилираат по улиците, во ритуал што го симболизира протерувањето на злото.

Сличен симболизам има и обичајот во Костур (Касторија), каде што празникот се одбележува со карневалска атмосфера.

Во селото Галатиста на Халкидики, се оживува обичај со корени од 19 век, кој ја прикажува досетливоста на вљубено момче, кој својата сакана ја „киднапира“ со помош на камила, а во рамките на обновувањето на обичајот, камилата се носи низ селото, додека мажите играат и пеат околу неа.

На грчките острови Сими и Калимнос, верниците кои се фрлаат по крстот остануваат под вода колку е можно повеќе, а рибарите со нивните чамци формираат заштитен круг околу нив.

На Лефкада, заедно со крстот во морето се фрлаат и врзани портокали, кои подоцна се чуваат како симбол на благослов, а сличен е обичајот и на Закинтос.

Во областа Тесалија во централна Грција, освен крстот, жителите фрлаат во водите и икони, кои се осветуваат за време на чинот на осветување на водите.

Празничниот период во Грција што започнува непосредно пред Божиќ и продолжува со Нова година, завршува денеска, на Водици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
Следна Статија Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Седми неуспешен обид за конституирање на косовското собрание

Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на…

April 27, 2025
БАЛКАН

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија, еве каде е Македонија

Според официјалните податоци, од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија…

October 25, 2025
БАЛКАН

Избегнувајте патување во Грција на 28. февруари – најавен голем 24-часовен штрајк

Граѓаните кои имаат намера да патуваат во Република Грција на 28. февруари, треба да го земат во предвид дека ќе…

February 22, 2025
БАЛКАН

На Додик му се одзема дипломатскиот пасош, мора да го врати во рок од 15 дена

На претседателот на Република Српска, Милорад Додик, му е одземен дипломатскиот пасош. Според документот што го поседуваат Klix.ba, Додик има 15…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?