Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Европа повторно раст на цените на гасот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Европа повторно раст на цените на гасот
СВЕТ

Во Европа повторно раст на цените на гасот

Објавено March 9, 2026 14:50
Сподели
Сподели

Цените на гасот во Европа денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на цените е поради одлуката на Русија за пренасочување на гасот од европските на азиските пазари и пред забраната за увоз во Европска Унија.

Мегават-час гас за испорака во април утрово на референтната холандска дигитална берза ТТФ се тргуваше за 62,51 евра, што е за околу 17 проценти поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. На самиот почеток на денешната трговија, неговата цена се искачи на 68,63 евра.

Во споредба со последниот ден на тргување во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, цените на гасот моментално се речиси двојно повисоки, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари 2023 година.

Цените на гасот се зголемија по американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, по што уследија нападите од страна на Техеран врз американските бази во државите во Персиски Залив, а иранската армија во меѓувреме забрани поминување на бродови поврзани со САД, Израел и европските земји низ Ормутски Теснец.

На 4 април компанијата „КатарЕнерџи“ ги извести купувачите дека поради „виша сила“ повеќе нема да може да испорачува течен природен гас (ЛНГ) по договорените услови. Катар произведува околу една петтина од светскиот природен гас и е на второ место на листата светски извозници, по САД.

Европска Унија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, а планира да ја прекине на набавката на ЛНГ. Во моментот гас се набавува главно од САД, Норвешка и Катар.

Владата на Русија на 6 март соопшти дека дел од природниот течен гас наменет за европските пазари ќе го пренасочи кон купувачите од Азија, пред во ЕУ да стапи во сила забраната за увоз на руски гас.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Coronavirus disease 2019
Следна Статија War with Iran chokes flows of oil and natural gas, highlighting energy security risks for Asia – AP News

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен за накратко воведената воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција…

January 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Пожар и експлозии во рафинерија за нафта во Русија по напад со дронови

Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку од Санкт Петербург, беше нападната со беспилотни летала, соопштија руските власти и локалните…

October 4, 2025
СВЕТ

Зеленски му одговори на Путин: Подготвени сме за прекин на огнот од утре

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори за постојан мир, нагласувајќи дека…

May 11, 2025
СВЕТ

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?