Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Објавено April 2, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица.

Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, групите на вооружениот отпор, кои се противат на воената власт, прогласија едностран прекин на огнот.

Овие групи мора да се воздржат од напади на државата или прегрупирања, бидејќи во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се наведува во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот. Меѓутоа, спасувачките тимови најчесто извлекуваат мртви тела.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар беше силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета.

Бројот на жртвите денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Меѓутоа, претпоставките се дека крајните бројки ќе се многу поголеми.

Во Мјанмар веќе имаше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Повеќе од три милиони луѓе се внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им беше потребна помош дури и пред земјотресот, наведуваат Обединетите нации

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Маск наскоро поднесува оставка
Следна Статија Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нова мистериозна смрт на руски енергетски директор

На периферијата на Москва е пронајден мртов 50-годишниот Александар Тјунин, генерален директор на НПК „Химпроминжиниринг“, подружница на државниот нуклеарен гигант…

September 20, 2025
СВЕТ

Израел го погоди клучниот нуклеарен реактор во нападот врз Иран (ВИДЕО)

Израел погоди клучен нуклеарен реактор во својот напад врз Иран. Меѓу нив е и нуклеарниот реактор Натанц, кој е клучен…

June 13, 2025
СВЕТ

Британка исчезнала пред 50 години, а сега е најдена на друг крај на земјата, една работа е чудна

Еден од најстарите случаи на исчезнати лица во Велика Британија е решен на првиот ден од 2025 година. Полицијата успеала…

January 2, 2025
СВЕТ

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека повлекувањето на САД од поддршката на Украина ќе има катастрофални последици, не само за…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?