Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
ХРОНИКА

Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови

Објавено September 12, 2025 10:47
Сподели
Сподели

Во келијата на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев пронајдени се три мобилни телефони, за кои тој пред судот изјави дека не се негови.

Судијката Славица Наумовска Јосифовска, пред почетокот на денешното судење за случајот Онкологија 2, против Васев и Нехат Нухи за фиктивни тендери и несовесни економско работење, информираше дека Судот добил известување од КПУ Затвор Скопје дека во келијата на Нино Васев се пронајдени и одземени три мобилни телефони.

Васев, во однос на пронајдените телефони пред Судот рече дека не е одземен негов телефон.

Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон, рече Васев.

Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.

Во обвинителниот акт стои дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ обвинетите, медицински и организациски директори, го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствената заштита, Закон за здравствено осигурување, Статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки. Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.

Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да изврши незаконита исплата. На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари.

Обвинетите, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс, па без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки. Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин, стои во обвинителниот акт.

Воедно, обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари.

Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови. Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха.

Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари, појаснуваат од Обвинителството.

Покрај ова, против Васев и тројца лекари онколози се води уште еден случај за несовесно лекување пациенти.

Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Судот негираа вина, додека второобвинетата Мери Пешевска призна вина, по што Судот ја раздвои постапка против неа и ќе треба да продолжи на 17 септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манчестер Јунајтед го испрати Онана во Трабзон
Следна Статија Бил Гејтс испадна од листата на 10 најбогати луѓе во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притворен Данчо Масев, директорот на фудбалскиот А-тим!

Поранешниот фудбалер Данчо Масев, кој беше поставен за директор на фудбалската А-селекција на Македонија, пред една недела завршил зад решетки,…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Судот одреди куќен притвор за возачот кој го усмрти Југослав и побегна

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше студентка на…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Наместо да застане, прилепчанец ги качил полицајците на хауба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?