Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река
СВЕТ

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

Објавено April 18, 2025 13:25
Сподели
Сподели

Кина во јуни ќе го пушти во употреба највисокиот мост во светот, најновото инженерско достигнување на држава која постојано инвестира во инфраструктура. Мостот преку големиот кањон Хуаџијанг се гради во провинцијата Гуиџоу, на југозападот на Кина, и е при крај.

Овој висечки мост ќе биде висок 625,14 метри над нивото на реката, што е речиси 289 метри повеќе од актуелниот рекордер, мостот Мијо во Франција.

Провинцијата Гуиџоу е планински регион со сложен релјеф, а мостот ќе го премостува драматичниот голем кањон Хуаџијанг, познат и како „земјена пукнатина“.

Откако ќе биде пуштен во употреба, возачите на автомобили и камиони ќе можат значително полесно да го поминат овој предизвикувачки предел. Според државните медиуми, времето за патување преку кањонот ќе се скрати од два часа на само една минута.

Изградбата на висечкиот мост, направен од челична конструкција со вкупна должина од 2,9 километри, започна официјално на 18 јануари 2022 година и се очекува да биде завршена до 30 јуни 2025 година, јавуваат локалните медиуми во Гуиџоу.

Целокупната тежина на челичната конструкција е околу 22.000 тони – што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.

Во моментов, речиси половина од 100. највисоки мостови на светот се наоѓаат токму во Гуиџоу, што ја позиционира оваа кинеска провинција како глобален центар на мостоградбата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!
Следна Статија Хрватска воведува задолжителен воен рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Kрвавите раце“ на УСАИД дојдоа и во САД

Полицијата во Америка приведе 20 отпуштени вработени во УСАИД кои заедно со активисти одржаа протест пред зградата на Конгресот. Легнаа…

February 28, 2025
СВЕТ

Меркел се обидела да ја забави кандидатурата на Украина за НАТО

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се обидела да го забави притисокот на Украина за брзо членство во НАТО за време…

November 21, 2024
СВЕТ

Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и…

September 4, 2025
СВЕТ

Знаете ли кои две земји ќе преживеат нуклеарка

 - Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот, најлош можен исход, само две земји - Австралија и Нов Зеланд…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?