Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница
ХРОНИКА

Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

Објавено May 14, 2025 20:19
Сподели
Сподели

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж од Скопје против кого има активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од криминалната група од Грчец.

Како што објавија дел од косовските медиуми, на Ибиши веќе му се ставени лисици и за ова е известен тамошниот надлежен обвинител. Во полицискиот извештај се наведува дека Ибиши бил фатен на автопатот Приштина-Феризај околу 17:30 часот по локално време.

„Осомничениот маж, државјанин на Северна Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница, е уапсен. Со одлука на обвинителот, осомничениот е приведен“, соопштиле од косовската полиција.

Во јануари минатата година, беше отворена истрага против 15 лица, меѓу кои и Ибиши. По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, предводена од Шеваљ Муареми, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица. Тогаш беше објавена фотографија и од Ибиши.

Групата е осомничена дека транспортирала 435 килограми кокаин од Бразил до белгиското пристаниште Антверпен, како и 106 килограми кокаин од Перу до холандското пристаниште Ротердам. Групата шверцувала дрога од Белгија во Македонија и од Албанија во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фридрих Мерц: Ќе ја имаме најсилната армија на континентот, но нема да се вклучуваме во војна
Следна Статија Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боре Видевски да оди во домашен или болнички притвор, бара неговиот адвокат (ВИДЕО)

Бојан Манев, адвокат на обвинетиот Боре Видевски вели дека неговиот клиент има нарушено здравје и дека ќе побара тој да…

April 9, 2026
ХРОНИКА

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАКВИ ИЗМАМИ: Старица останала без 20 000 евра

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Јас и ти ко едно тело: Ана Костадиновска неутешна по смртта на нејзините колеги

Ана Костадиновска, придружниот вокал на „ДНК“ и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Останал и без работа и без пари: Измамен жител на неготинско село за работа во странство

Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село бил оштетен за 77.461 денари, информираат денеска од Секторот за…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?