Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Објавено May 9, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и да го насочи вниманието на јавноста кон трагедијата во Кочани.

Тој пред собраните праша: „Па толку бргу ли нè заборавивте?“

Вели дека пред некој ден во Кочани си дошле деца што немаат прсти на рацете.

„Овие деца се пуштени од болница и ќе немаат цел живот раце. Барем да им помогнеме. Толку ли бргу нè заборавивте нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино наместо деца да одат на такви места и да се глупираат таму, нека гледаат филм“, рече човекот од Кочани.

Тој вели дека жителите на овој град не се чувствуваат добро и повика на разбирање. Ако не се преземе нешто, вели, работата ќе оди на полошо.

„Ми загинаа пет другари и некој ме прашува: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас сум секако духовно врзан. Нема што да правам, морам да живеам во тој град. Мора да направам нешто за него“, рече човекот објаснувајќи ја симболиката на врзувањето.

Рече дека донациите се намалиле, а на децата ќе им требаат многу пари.

„Само на едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и за нозете. Една ракавица е 1.000 евра. Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата тие пари нема да ги обезбеди. Ако ништо друго, за тие деца да се соберат пари. Каков живот ќе живеат тие деца?“, рече човекот.

Тој попладнево го привлече вниманието врзан за бандера. Прашан зошто го прави тоа, одговори дека ќе каже кога ќе се соберат повеќе новинари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЕМЕЈСТВОТО НА ФРОСИНА БАРА НАЈВИСОКА КАЗНА: Признанието на Васил не ни ја намали болката!
Следна Статија Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Колони возила од Охрид кон Скопје и од Грција кон Македонија

Крајот на продолжениот празничен викенд попладнево донесе гужви на автопатите низ Македонија. Традиционално многу Македонци заминаа во Грција, а истото…

April 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Откриена бременост кај 14-годишно девојче на ГАК, мајката пријавила во полиција

Мајка од Скопје во полицијата пријавила дека нејзината малолетна ќерка е бремена, а подоцна и самото девојче признало дека имала…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 19 илјади неважечки ливчиња регистрирани во вториот круг локални избори

Вчера во Македонија се одржа вториот круг локални избори 2025 година, во кој сите, освен четири општини, избраа градочалници за…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?