Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во кој дел од денот, човековиот мозок работи најдобро?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во кој дел од денот, човековиот мозок работи најдобро?
ЗДРАВЈЕ

Во кој дел од денот, човековиот мозок работи најдобро?

Објавено September 19, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Познато е дека, во одредени делови од денот, човекот работи побрзо, размислува појасно и полесно се сосредоточува. Ова не е случајност, туку последица на внатрешните биолошки ритми, коишто се нарекуваат циркадијални циклуси. Тие влијаат и на тоа кога нашиот мозок и тело функционираат најдобро, објави „Фронтиерс ин сајколоџи“ (Frontiers in Psychology).

Без оглед на тоа дали човекот е млад или стар, дали е ранобудник или „ноќна птица“ – сите минуваме низ различни „тестови“ секој ден. Понекогаш, тоа се вистински животни испити, но најчесто се работи за „обични“, но важни разговори, состаноци или донесување одлуки. Така, главното прашање е: Во кое време од денот сме најпаметни?

Научниците ги анализирале резултатите од повеќе од 100.000 усни испити полагани на италијански универзитет и пронашле јасна шема во стапките на положување, со врв точно напладне – без оглед на хронотипот на студентите.

Времето меѓу 11 часот наутро и 13 часот се покажало како идеално – миг порано или подоцна, шансите за положување се намалуваат. Всушност, колку порано или подоцна во денот се полага испитот, толку помалку веројатно е студентот да положи, се наведува во написот.

Зошто е тоа така? Делумно, зашто когнитивните способности наутро се подобруваат, а потоа, попладне се намалуваат. И падот на нивото на енергија има своја улога. Натаму, ако има закажано тест доцна попладне, човекот веројатно ќе биде под стрес поради тоа цел ден – а подолгиот стрес неизбежно води до полоши резултати.

И лицето што оценува има улога во тоа.

„Постепеното опаѓање на способностите попладне може да се објасни со исцрпеноста, оти когнитивните способности и на студентите и на нивните оценувачи опаѓаат под влијание на стресот, што ја нарушува самоконтролата и на крајот води до намалена оценка. Поточно, како што когнитивните ресурси се намалуваат, луѓето стануваат поригидни и помалку флексибилни, што може да го наведе вашиот оценувач да носи понегативни одлуки. Слично на тоа, истражувањата покажуваат дека судиите во состојба на исцрпеност имаат поголема веројатност да донесат одлуки што се неповолни за обвинетите“, велат истражувачите.

Врвот на бистриот ум околу пладне веројатно ја одразува оптималната рамнотежа меѓу хронотипската конгруенција (природниот ритам – на ранобудникот или ноќната личност) и нивото на ментален замор, според горенаведените објаснувања.

Во однос на заморот кај професорот или кој било друг вид оценувач, истражување објавено во „Зборникот“ на американската Национална академија на науки покажа дека барањата за условна слобода на затворениците кои се појавиле пред одбор рано наутро биле одобрени во околу 70 отсто од случаите. Како што денот напредувал, стапката на поволни одлуки се намалува, иако накратко се зголемила во првите неколку случаи по ручекот, пред конечно да падне на речиси нула.

Ова е уште една причина зошто часовите околу пладне се најдобри за извршување на важни задачи.

Сѐ тоа говори дека, секогаш кога е можно, треба внимателно да го изберете времето за важните задачи – без разлика дали станува збор за испит, важен состанок, интервју за работа или презентација на работен план. Изборот на вистинското време може да биде клучен за успешно завршена задача.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Началник, директор, полицајци – приведени 15 лица осомничени за пустошење шуми
Следна Статија Со правилник за велосипедска инфраструктура до стимулација за повеќе користење велосипеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија изведени четири операци на ‘рбетен столб кај деца со сколиоза кои биле на листата за во странство

Во спиналниот центар на клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на ‘рбетен столб…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Измени во специјализациите најави министерот за здравство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека креираат матрица на човечки ресурси во здравството, според која, ќе се креираат…

November 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тужба против новите препораки за вакцинација на деца на РФК Џуниор

Повеќе организации за јавно здравство ги обвинуваат здравствените секретари дека комитетот го пополниле со скептици за вакцините, тврдејќи дека препор

January 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај пцовисана дива птица – гуска,…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?