Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО

Објавено October 4, 2025 16:40
Сподели
Сподели

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на „Медикус хелп“. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во земјата.

Имаме многу работа. Сѐ уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во Законот за здравствена заштита и во скрининг програмите и во позитивната листа па дури и во начинот на кој што онкологија е организирана, односно дисперзијата. Доброто е што оваа година имавме некакви чекори напред, посебно за пациентките со рак на дојка, коишто оваа година ја добија нивната хормнската терапија во аптеките блиску до домовите. Успеавме да вклучиме во лекувањето уште една група на пациенти со триплнегатив канцер коишто имаат генетски зависен карцином. Овие пациентки кои не се повеќе од педесетина исто така оваа година за првпат добија терапија што може да ја подигаат на Клиниката за онкологија – рече Ама Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО.

Од организацијата нагласуваат дека ќе работат уште поактивно за да се подобрат лекувањето, превенцијата и рехабилитацијата на пациентите болни од рак.

Марјановиќ уште повтори дека пациентките за кои има сонежи дека имаат рак на дојка не треба да се препраќаат на хирургија туку на онкологија, дека треба да се набават тумор-бордовите, да се направат мултидисциплинарни тимови, како и скрининг- програма.

Во овој момент во Македонија задолжителна скрининг-програма не постои и тоа е навистина проблем. Ние веќе преговараме оваа скрининг-програма да стане облигаторна за сите граѓани од 40 до 69 години, исто така да стане облигаторна за матичните лекари, односно тие да ја водат грижата за своите пациентки. Се преговара со тимовите од радиологија да се изнајдат доволно термини – рече Марјановиќ.

Таа скрининг-програма, додаде, треба да биде ефикасна, реална, ќе бидат опфатени сите пациенти, ќе биде долгорочна и ќе даде вистински резултати.

Доколку канцерот се дијагностицира во нулти или во прв стадиум сите знаеме дека прогнозите се извонредни, дека овие пациенти ќе можат да продолжат со својот живот како никогаш да го немале – рече Марјановиќ.

Како што истакна таа, мултидисциплинарните тимови веќе се подготовка.

ХЕМА-ОНКО подготвува брошура која што ќе им се дели на сите новодијагностицирани пациенти со рак која треба да ги содржи сите информации каде да се обратат, што треба да направат, совети за лекување и хемотерапијата, за помагалата, вежби за лимфодема итн.

Милица Кузмановска рече дека на денешниот настан во Скопје има пациентки од повеќе градови во земјата и тоа од Гостивар, Ресен, Виница, Струмица, Свети Николе. Таа се заблагодари на општините кои обезбедиле превоз за пациентките.

Оваа година под мотото „Силни сме кога сме заедно“ сакавме да испратиме порака до сите оние се лекуваат во моментот, да дадеме поддршка до оние помлади жени бидејќи здравствена култура во нашата држава е на многу ниско ниво. Сите се плашат од прегледи и тоа мора да го смениме да има една превенција, да има една скрининг-програма која ќе функционира. Сакаме преку еден ваков настан да ги обединиме сите оние кои се инволвирани на оваа тема, сакаме да има одадеме почит и на оние кои ги изгубија животите, меѓутоа дајте да се фокусираме на нешто кое би променило многу работи во нашиот здравствен систем – рече Кузмановска која нагласи дека исто така е многу важна и рехабилитацијата на пациентите со рак.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина
Следна Статија Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештачката интелигенција создава лажни лица, но 5 минути обука може да ви помогнат да ги препознаете

Генераторите на слики со вештачка интелигенција станаа забележително вешти, способни да создаваат лица кои се сметаат за попореални од реалните.

January 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Вилијам Фоеџ, лидер во искоренувањето на сипаниците, почина

Висок 2 метри, Фоеџ буквално се издвојуваше во областа на јавното здравство

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментов живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci…

February 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?