Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Објавено May 9, 2025 09:03
Сподели
Сподели

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје. 

Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за правда Игор Филков и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

По положувањето на венците предвидени се обраќања на вицепремирот Димовски и министите Муртезани и Мисајловски, соопшти Министерството за одбрана.

Цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел ќе положат и делегации од Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, од Собранието, Армијата, Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, дипломатскиот кор и други организации.

На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили.

Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.  

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“
Следна Статија Манчестер Јунајтед и Тотенхем во битката за трофејот во Лига Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби кај клиниките, велат од Здравство

Од Министерството за здравство се огласија во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска…

October 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ и Левица ја поздравија одлуката на Владата: Автобусите повторно ќе се движат по скопските улици

Кризата со јавниот превоз во Скопје, која привремено ги остави граѓаните без автобуси, беше успешно надмината благодарение на брзата интервенција…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија е во прекин за товарни моторни возила, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија. Како…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Турските туристи биле најбројни во јуни

Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?