Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија се случува градежен бум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Во Македонија се случува градежен бум
Blog

Во Македонија се случува градежен бум

Објавено March 6, 2026 09:46
Сподели
Сподели

Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Интензивната работа и засиленото темпо за реализација на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, ги дава своите резултати. Тоа, првично го запре слободниот пад на економија, која по периодот на стабилизација, сега веќе почна периодот на раст.Тоа овозможи македонската економија да бележи стабилни стапки на раст на БДП од во просек 3,5% шест квартали по ред.

Најголем придонес во овој раст има токму градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележа раст од високи 14,6 проценти. Градежништвото има највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност.

Градежништвото е еден од секторите со најголем мултипликативен ефект, што значи дека имаме повеќе градилишта и инфраструктурни проекти, за кои се ангажираат подизведувачи, надзорни и проектантски куќи, добавувачи.

Кога расте градежништвото, расте и економската активност на повеќе стопански сектори, како транспортот, производството на материјали, трговијата, услугите, а со тоа расте и вработеноста.

Растот на градежниот сектор повлекува повеќе сектори во економијата, значи повеќе работа за градежните компании и повеќе ангажман за домашното стопанство и индустрија.

Затоа, за владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е многу важно овој тренд да продолжи и дополнително да се засилува, за што и активно работи на тоа.

Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од 2026 година реализацијата на капиталните инвестиции бележи троцифрен раст, што е значително зголемување во однос на истиот период минатата година.

По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025, во првите два месеци од 2026 бележиме и трицифрен раст, односно скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции.

Економскиот мотор на Македонија не застанува, туку продолжува со уште позасилено темпо, што ќе значи повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе економска активност и повеќе можности за работа за компаниите.

Целта на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија KФОР демантира дека од Бондстил се лансирани ракети кон Иран
Следна Статија Can ‘friction-maxxing’ fix your focus? – BBC

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Тесла мора да плати 200 милиони долари отштета поради смртоносен судар со автопилот

Поротата во Флорида ја прогласи компанијата Тесла за делумно одговорна за фаталната несреќа во 2019 година, во која беше вклучен…

August 2, 2025
Blog

Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа! Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓе кои сакаат да започнат нов живот во 2025. Нордиската земја го зазеде…

April 22, 2025

Стратешкиот сојуз меѓу Епл и Гугл во областа на вештачката интелигенција: Нова ера на иновации

Длабинска анализа на технолошкото партнерство што може да го промени пазарот на вештачка интелигенција

January 15, 2026
Blog

Европската комисија го казни Google со 2,95 милијарди евра

Европската комисија, и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека го казнила Google со 2,95 милијарди евра за…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?