Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари
МАКЕДОНИЈА

Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари

Објавено April 3, 2026 12:13
Сподели
Сподели

Mинатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје во врска со системот „Безбеден град“, информираат од Кривичен.

Граѓаните и правните лица кои сметаат дека не направиле прекршок,  можат да поднесат приговор до надлежниот суд.

Во вториот месец од стартот на системот „Безбеден град“, според скопскиот Кривичен суд бројот на приговори е значително намален, а веќе се завршуваат и предметите по претходно поднесените приговори.

Како што информираат од судот, минатиот месец,  биле поднесени вкупно 65 приговори, што е значително помалку од 476 приговори кои беа поднесени во февруари, првиот месец од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“.

Од приговорите, 22 се поднесени од правни лица, а 43 од физички лица.

Она што може да се забележи од статистиката на скопскиот Кривичен суд е дека особено е намален бројот на приговори од правни лица, ако се земе предвид дека во февруари, според информациите од Судот, нивниот број беше 431 приговор. Од друга страна, бројот на приговори кои дошле од физички лица е речиси идентичен, со таа разлика што во февруари имаше два приговори повеќе, односно 45.

Поголемиот број приговори поднесени од правни лица во февруари според појаснувањето што тогаш го дадоа од Кривичен лежеше во предизвикот со возилата кои се дадени на користење со договор за лизинг, како и случаите каде што граѓани продале возила, но не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи.

„Дополнително, во текот на месец март од доставените приговори, од кои најголем дел се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмети“,велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Инаку, како што претходно информираа оттаму, по овие предмети постапуваат 16 судии од Одделот за прекршоци.

„Сите поднесени приговори навремено се заведуваат и согласно одредбите од Законот за прекршоци, во утврдениот рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи (МВР) за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување“,додаваат од Кривичен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината
Следна Статија “Делиите“ или полицијата., кој тепа појако? (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Отворен новиот базен во Карпош

Општина Карпош доби нов базен. Отворањето е денеска, а истиот се наоѓа до салата „Наум Наумовски Борче – Партизан“ позади…

June 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

Дебар Маало наскоро може да стане тест-зона за нов сообраќаен режим. Општина Центар планира ограничување на движењето на возила за…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“

Професорот Тони Дескоски во јавна објава оцени дека првите чекори на јавниот обвинител Савески влеваат надеж за посериозен пристап во…

April 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?