Мексиканското Министерство за здравство го потврди првиот случај на мијаза кај човек во земјата, соопшти владата.
Случајот бил откриен кај 77-годишна жена од Акакојагва, во јужната држава Чиапас.
Таа е во стабилна состојба и прима антибиотици, соопштија властите.
Мијазата е паразитска инфекција на кожата и слузокожата предизвикана од ларви на муви од родот Диптера и најчесто се јавува во тропските и суптропските региони.
Инфекцијата се јавува кога ларвите на мувите ги напаѓаат отворените рани, хранејќи се со живо ткиво.