Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
МАКЕДОНИЈА

Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“

Објавено July 22, 2026 11:09
Сподели
Сподели

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство,  а на ГП Меѓународен аеродром Скопје, поради протекување на кровот имало  прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина.

null

На подрачјата на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови, на СВР Тетово  3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови, на СВР Велес  две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, додека на подрачјето  на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица. На подрачјето на СВР Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

null

– Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најзначајни последици се регистрирани на ГП Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина. Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти (шатори и помошни објекти), како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета – се вели во информацијата од МВР

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Невремето остави хаос: Над 9.000 повици за помош во Скопје
Следна Статија Бев облеан во крв, главата ми беше надвор од авионот, сведочи Србинот кој преживеа хорор во летот на „Рајанер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер

 Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка  до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?