Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер
СВЕТ

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер

Објавено September 10, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата.

Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа.

Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери беа запалени во немирите.

Стотина демонстранти против корупцијата денеска упаднаа во зградата на Парламентот во главниот град на Непал, Катманду и го запалија.

Протестите и нападот врз Парламентот почнаа вчера поради што непалската Влада на 4 септември ги блокира на социјалните медиуми, меѓу кои Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб со образложение дека бидејќи компаниите не ги почитувале прописите.

Законот, што не е усвоен од Парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.

Претходно, демонстрантите го запалија домот на премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Демонстрантите ги запалија и домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицепремиерот Фетаи одби да одговори на македонски јазик на поставено новинарско прашање
Следна Статија Лидерите на Хамас го преживеале израелскиот напад во Катар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските…

September 5, 2025
СВЕТ

Бајден тешко болен, откриен му е рак на простатата кој метастазирал

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во…

May 19, 2025
СВЕТ

Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие

Специјалните сили на јужнокорејската полиција извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, што е најнов развој на политичката криза…

December 11, 2024
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?