Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
Blog

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Објавено July 15, 2025 10:57
Сподели
Сподели

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа – благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци.

Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои поголеми градови околу 30 отсто од сите патнички автомобили се веќе целосно електрични. Во главниот град Осло, таа бројка е 40 процент. Кристина Бу, генерална секретарка на Aсоцијацијата, за „Си-ен-би-си“ (CNBC) вели дека тоа е одлична вест.

Многу е забележливо. Мислам дека некои луѓе дури не ни сфаќаат колку е ова добро, бидејќи се случува толку брзо. Воздухот е почист, потивко е и навистина не ги чинеше многу потрошувачите, за да го сменат (своето возило). Луѓето уживаат во возењето електрични возила и тоа функционира многу добро, изјави Бу.

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка порасна од помалку од еден процент од вкупната продажба во 2010 година – на 88,9 отсто лани. Според Норвешката администрација за јавни патишта, електричните возила сочинуваат повеќе од 93 проценти од сите нови возила продадени во 2025 година досега.

Недостатокот на силно лоби за „традиционални“ автомобили во Норвешка се смета за еден од факторите што го олеснуваат воведувањето на електромобили.

– Норвешка има силна политика веќе со години. Не станува збор само за даночни олеснувања за електричните возила, туку и за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Последниве три години, даноците за купување се дуплираа – а тие веќе и беа високи претходно… Така, во Норвешка, загадувачките автомобили се оданочуваат до „точка на истребување“, додаде Бу.

Некои пратеници ја доведоа во прашање праведноста на системот за стимулации за електрични возила, тврдејќи дека тие непропорционално им користат на побогатите граѓани и оти тоа би можело да биде на штета на други одржливи видови сообраќај, како што е возењето велосипед, или пак, пешачењето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
Следна Статија Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(ВО ЖИВО) Мицкоски гостин во Отворено студио ,,100 дена Влада” на МРТВ

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва гостува во „Отвореното студио“ на МРТВ, во присуство на повеќе уредници на национални…

October 7, 2024
Blog

Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството

Промената во нееднаквоста во богатството низ Европа од 2008 до 2023 година варираше од земја до земја, според најновиот Извештај…

June 14, 2025
Blog

Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ сака да добие поголем дел од американскиот пазар за сметка на актуелниот лидер на…

March 5, 2025
Blog

Мерцедес ги сели погоните во Унгарија, Германците вознемирени

Мерцедес сака да ги пресели работните места надвор од Германија, а фокусот на компанијата е Унгарија, особено локацијата Кечкемет, град…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?