Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Објавено May 27, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“.

На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

Во изминатите два дена во соработка со волонтерите од „Support Kocani”, обвинителството ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Како што тогаш беше најавено, сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од денеска до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на формулар за пријава кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на утрото на 16 март загинаа 62 лица, а околу двеста лица беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран
Следна Статија Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ исчезна од влезот на градот

Само еден ден траеше билбордот со кој скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на посетителите им посакуваше „Добредојдовте во Скопје“. По реакциите…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија. -Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени

Mаја Петрова, советник-портпарол и заменик-претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства, предупреди дека предложениот Закон за јавнообвинителска служба не ги…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?