Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова
МАКЕДОНИЈА

Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова

Објавено November 16, 2025 12:21
Сподели
Сподели

Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во негово омасовување. Да му посветиме поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени на образование и да вклучиме во него искачување на планина, оти над речиси секое наше населено место има таква, не случајно. Да изградиме, во соработка со локалната самоуправа соодветна инфраструктура, планински домови, куќички, видиковци, но и поголеми сместувачки капацитети, одморалишта, хостели, хотели. Знам дека имаме скромни капацитети и можности, но може да почнеме со реновирање на планински домови, а потем и со градење нови. Свесна сум дека се работи за големи инвестиции, но со очекувана сигурна добивка и придобивка за сите граѓани. Не ни требаат светски примери од далеку, доволно е да ги видиме и следиме примерите од соседството за односот кон планините и природата, кон планинарењето и спортот – порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

Во обраќањето на свечената академија за јубилејот на „Љуботен“ што се одржа синоќа во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово под нејзино покровителство, Силјановска-Давкова напомена дека имаме посебна обрска да го заштитиме планинското богатство со кое, рече, сме благословени. Должни сме, истакна претседателката, да ги сочуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти, а природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе не штити од порои и поплави, ќе не лекува и ќе не храни.

Siljanovska Davkova
Фото: Кабинет на претседателката Гордана Силјановска-Давкова

-Да ја афирмираме филозофијата на здрав живот. Да направиме култ од планинарењето меѓу младите. Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и да ги насочиме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење – потенцира Силјановска-Давкова.

За неа е неспорно дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот.

Претседателката изрази благодарност до сите генерации планинари, посебно до членовите на Љуботенската фамилија.

-Благодарение на Планинарскиот клуб „Љуботен“, но и на другите четири тетовски планинарски клубови, како и на останатите, расте популарноста на планинарењето како особено здрава и интриганта спортско-рекреативна дејност. Низ планинарските клубови како престижни училишта за планинарско знаење и вештини, поминаа низа генерации ученици – планинари. Ги научија најголемите тајни на планините, ја почувстуваа неодоливата планинска привлечност, на којашто не и одолеја, воспоставија искрена и трајна врска со планинскиот свет, посегнаа по грижа за шумите, ливадите, билките, животните, птиците, потоците и езерцата, станаа едно битие со природата. Меѓу вас и со вас беа и се и алпинистите, чиј лимит се висовите, чие освојување е човечки натпревар со себе, или себеослободување, трансцендирање во метафизички свет, во друга димензија, онаа на неможното како можно. Вие ја разбудивте детската љубопитност за шаренилото на Шара кај обожавателите на планинините преку сликите што прикажуваат убавина со магична и магнетна привлечност. Вие предизвикавте невидена радост кај зависниците од зимската белина, каде и да се, вие ги вознемиривте талкачите по возбуди со чудните врвови и опасни терени, насочувајќи им ги мислите кон чудото над Тетово, небаре симфонијата на Вивалди за четирите годишни времиња на Шара. Привилегираните кои имале шанса да ја видат и почувствуваат, по љубовта на прв поглед, сами себе си ветуваат дека ќе се вратат, оти доживеале неизлечива благословена зараза ту од апсолутен мир, ту од апсолутна возбуда. Значи, никој чии очи ја здогледале шарената убавица Шара, не останал рамнодушен на неа – нагласи претседателката.

На Љуботенци им порача да го продолжат другарството со Шара.

-Привлечете нови пријатели, убедувајќи ги дека планинарењето не е само спорт, туку и здравство, туризам, екологија, економија, безбедност, па и музика, поезија, романса. Верувам дека планината ги здружува луѓето и во добро и во зло, во планинарењето и во зимските спортови, поттикнувајќи ги солидарноста, натпреварот и хуманоста, како и облагодарувајќи ги натпреварувачкиот дух и желбата за победа. Совршеноста на природата раѓа мирни и мировни вибрации кај луѓето, а не воинствени и уништувачки. Можеби затоа планинарите не се откажуваат од планината и имаат насушна потреба од неа, како сечовечки мелем и лек за среќната или несреќна душа. И јас не сум исклучок. Никогаш, никогаш нема да ја заборавам магијата на Лешница. Можеби затоа е крај мене убавицата Караманка, девојката – планинка. Очекувам раст и развој на Планинарскиот клуб „Љуботен“, подобри денови за планинарите и планинарењето, рекреацијата и спортот, со цврста верба дека се незаменливи и најефикасни бранители на нашето, од сите страни атакувано физичко и ментално здравје. Овој голем јубилеј ни овозможува да ги сумираме резултатите не само низ лична, индивидуална, туку и низ социјалната димензија – рече Силјановска-Давкова.

На настанот се обратија и претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиноски и претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев.

Присутните имаа ретка прилика да ја проследат богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“ преку презентацијата на документарен филм и  мултимедијалната изложба во галеријата на Домот на културата.

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Силјановска-Давкова

На претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на неколкумина најзаслужни членови на клубот, како и на неколку домашни и странски институции и програми им беа доделени плакети за трајни вредности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петровска: СДСМ мора да излезе со тим кој знае како да ја врати партијата на победнички патеки
Следна Статија СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг ќе биде…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска

Радмила Шекеринска, според официјалната веб-страница на НАТО, на 2 декември 2024 ја преземала должноста на заменичка генерален секретар на НАТО.…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?